Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ: Тошковски да одговори како избегал од полициска станица приведен осомничен за дрога
    Политика

    СДСМ: Тошковски да одговори како избегал од полициска станица приведен осомничен за дрога

    11/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    СДСМ побара целосно расчистување на случајот со бегството на лице приведено за трговија со дрога од Полициската станица во Кочани, оценувајќи дека настанот отвора сериозни сомнежи за пропусти во работата на полицијата и можна поврзаност со криминални структури.

    Од партијата велат дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски мора да даде одговори за тоа кој е одговорен за бегството на приведениот, како и дали постојат пропусти или злоупотреби во постапувањето на полициските службеници.

    СДСМ поставува повеќе прашања, меѓу кои и дали началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, има каква било поврзаност со приведеното лице, кое, според нив, се поврзува и со дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од партијата прашуваат и каква е поврзаноста на лицето со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, наведувајќи дека во јавноста постојат фотографии на кои се заедно.

    Во соопштението се бара да се утврди како приведениот успеал да избега од полициската станица, зошто не бил сместен во просториите за задржување и дали некој му помогнал при бегството.

    Според СДСМ, доколку е точно дека обвинителството подготвувало предлог за определување мерка притвор, случајот е уште посериозен и бара итна и темелна истрага.

    Партијата бара да се утврди одговорност кај сите инволвирани службени лица, вклучително и кај раководството на ОВР Кочани.

    Во соопштението СДСМ оценува дека по две години мандат на министерот Тошковски, Министерството за внатрешни работи се соочува со серија скандали кои, според нив, ја нарушуваат безбедноста и довербата на граѓаните во институциите.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.