Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје открија поголема количина разновидна наркотична дрога во напуштени подрумски простории во станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром.
Акцијата била спроведена на 8 јули, по претходно преземени оперативни мерки и активности. При извршениот претрес, полицијата пронашла бела грутчеста материја, халуциногени печурки, кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана, како и три дигитални ваги кои најчесто се користат за мерење и подготовка на наркотични средства.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, идентификување на лицата поврзани со пронајдената дрога и утврдување на нивната евентуална кривична одговорност.
По целосното документирање на случајот, против инволвираните лица ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
