Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Ќоку тврди дека без објаснување му бил одбиен влез во Албанија
    Република

    Ќоку тврди дека без објаснување му бил одбиен влез во Албанија

    09/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пратеникот во Собранието на Македонија, Беким Ќоку, тврди дека нему, на уште еден пратеник и на заменик-генералниот секретар на Владата им бил одбиен влез во Албанија, без, како што наведува, да добијат какво било официјално образложение од албанските власти.

    Според Ќоку, тројцата функционери, сите етнички Албанци од Македонија, биле задржани повеќе од еден час на граничниот премин Ќафасан при влез во Албанија.

    „Тројца албански државни функционери од Македонија, двајца пратеници и заменик-генералниот секретар на Владата, се соочивме со необјаснива ситуација на влез во Република Албанија. Едно рутинско преминување на границата се претвори во апсурдна драма“, наведува Ќоку.

    Тој тврди дека по повеќе од еден час чекање без никакво објаснување, ним им било дозволено да продолжат, но дека на едно лице кое било со нив во друго возило му бил забранет влезот. Поради тоа, одлучиле да се вратат назад во Македонија.

    „Во кабината каде што ги предадовме пасошите, македонскиот полицаец ни кажа дека, според потврдата од неговиот албански колега, забраната за влез важела и за нас тројцата. Зошто претходно ни дозволија да поминеме, останува енигма“, пишува Ќоку.

    Тој додава дека до овој момент не добиле никакво официјално решение или известување за причините поради кои им бил забранет влезот.

    Ќоку наведува дека доколку причината е неговата јавна поддршка за неодамнешните протести во Албанија кои беа против Рама, тоа би било сериозно загрижувачко.

    Поврзани вести:

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.