Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Стечајот на Еуростандард банка ќе го седне Трифун Костовски на обвинителната клупа
    Економија

    Стечајот на Еуростандард банка ќе го седне Трифун Костовски на обвинителната клупа

    09/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против уште едно лице во врска со стечајот на Еуростандард банка. Тројцата се товарат за кривичното дело „Предизвикување стечај на банка“, додека четвртото лице се гони за „Несовесно работење во службата“.

    Според Обвинителството, обвинетите во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година постапувале спротивно на Законот за банките и интерните акти на банката. Како членови на управните и надзорните органи, тие одобрувале кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица без соодветни анализи и обезбедување. Воедно, според обвинението, ја прикривале реалната финансиска состојба и ризиците и доставувале неточни информации до Народната банка. Со таквото постапување придонеле за сериозно влошување на финансиската состојба на Еуростандард банка и нејзино доведување во стечај. Обвинителството наведува дека доверителите претрпеле штета од 1.662.417.664 денари.

    За четвртообвинетиот се наведува дека како претседател на Надзорниот одбор не извршувал соодветен надзор и овозможил преземање прекумерни кредитни ризици и одобрување нефункционални кредити. Со тоа, според обвинението, придонел за создавање несолвентност и намалување на сопствените средства на банката.

    Првообвинет е Николчо Петковски, второобвинет е Коста Костовски, третообвинет е Зоран Николовски, а четвртообвинет е Трифун Костовски. За обвиненијата ќе одлучува Основниот кривичен суд Скопје.

    Поврзани вести:

    Николоски најави набавка на девет патнички возови, пет електрични локомотиви и реконструкција на пругата Велес – Битола

    Николоски најави набавка на девет патнички возови, пет електрични локомотиви и реконструкција на пругата Велес – Битола

    До крајот на годината цената на струјата ќе остане иста, дециден е Мицкоски

    До крајот на годината цената на струјата ќе остане иста, дециден е Мицкоски

    Етериумот со најголем раст меѓу водечките криптовалути, биткоинот повторно над 82 илјади долари

    Етериумот со најголем раст меѓу водечките криптовалути, биткоинот повторно над 82 илјади долари

    Во март стартува директна авиолинија Дубаи – Скопје, трипати неделно, најави Муцунски

    Во март стартува директна авиолинија Дубаи – Скопје, трипати неделно, најави Муцунски

    Делови за „Ауди“ ќе се произведуваат во „Кромберт и Шуберт“, фабриката отвора 2.000 нови работни места во Битола

    Делови за „Ауди“ ќе се произведуваат во „Кромберт и Шуберт“, фабриката отвора 2.000 нови работни места во Битола

    На денешен ден пред 31 година беше отворена македонско-грчката граница по завршувањето на трговското ембарго

    На денешен ден пред 31 година беше отворена македонско-грчката граница по завршувањето на трговското ембарго

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    еуростандард банка обвинение стечај трифун костовски
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски најави набавка на девет патнички возови, пет електрични локомотиви и реконструкција на пругата Велес – Битола

    16/10/2026

    До крајот на годината цената на струјата ќе остане иста, дециден е Мицкоски

    16/10/2026

    Етериумот со најголем раст меѓу водечките криптовалути, биткоинот повторно над 82 илјади долари

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.