Синоќа полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 30-годишна велешанка, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг, соопшти МВР.
Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а жената. била приведена и задржана во полициска станица.
Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно
насилство“, соопшти МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
