Општина Карпош ја продолжува реконструкцијата на детските игралишта, при што се обновени уште две локации со нова и санирана урбана опрема. На игралиштето на улицата „Никола Парапунов“ поставени се нови лулашки, обновени се клупите и е санирана останатата опрема. Кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на Вардар, извршено е фарбање на урбаните елементи, обновени се клацкалките и лизгалките, а заменети се и старите дрвени конструкции.
Од Општина Карпош велат дека реконструкцијата на претходно мапираните оштетени игралишта продолжува со засилено темпо. Целта е на децата и на жителите да им се обезбедат побезбедни и поуредени простори за игра, дружење и рекреација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
