Во Македонија продолжува периодот на стабилно, сончево и топло летно време, со високи дневни температури низ поголемиот дел од земјата. Во пониските места и котлините максималната температура ќе достигнува и ќе надминува 35 степени, додека ноќите ќе останат релативно топли.
Во планинските предели ќе биде посвежо, со можност за краткотрајна локална нестабилност. Од УХМР препорачуваат да се избегнува престој на директно сонце во периодот од 11 до 17 часот, да се внесуваат повеќе течности и да се внимава на децата, повозрасните и хронично болните лица. Поради високите температури, особено во урбаните средини, постои зголемен ризик од топлотен стрес.
Според прогнозите, сончевото и многу топло време ќе се задржи и во наредните денови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
