Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Пенали, црвен картон и пет гола во драматичната победа на Англија над домаќинот Мексико
    Спорт

    Пенали, црвен картон и пет гола во драматичната победа на Англија над домаќинот Мексико

    06/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Англија избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство, откако во драматичен натпревар го совлада домаќинот Мексико со 3:2 на легендарниот стадион „Ацтека“.

    Прво име на натпреварот беше Џуд Белингем, кој со два гола во првото полувреме ѝ обезбеди убедлива предност на англиската репрезентација. Сепак, Мексиканците не се предадоа и преку Хулијан Кињонес намалија пред заминувањето на одмор.

    Возбудувањата продолжија и во вториот дел. Англија остана со десет фудбалери, откако Џарел Кванса доби директен црвен картон по интервенција на ВАР.

    И покрај играчот помалку, Англичаните добија пенал, а Хари Кејн беше сигурен реализатор за водство од 3:1.

    Мексико повторно се врати во игра кога по ВАР-проверка доби удар од белата точка, а Раул Хименез ја намали разликата на 3:2.

    Во преостанатиот дел од натпреварот домаќинот силно притискаше во потрага по израмнување, но Англија успеа да го сочува водството и покрај долгото судиско продолжение.

    Со оваа победа Англија обезбеди место во четвртфиналето, каде што ќе игра против Норвешка, која претходно приреди сензација елиминирајќи го Бразил. Натпреварот е закажан за 11 јули во Мајами.

    Дуелот во Мексико Сити започна со едночасовно задоцнување поради силно невреме, а англиските фудбалери мораа да се справат и со тешките услови за игра на надморска височина од околу 2.200 метри.

    Со триумфот Англија стави крај на импресивната серија на Мексико на стадионот „Ацтека“, каде што домаќинот никогаш претходно немаше пораз на натпревар од Светско првенство.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.