Грчките власти во првите пет дена од јули уапсиле 20 лица поради предизвикување пожари од небрежност. Покрај апсењата, изречени се и 20 административни казни во вкупен износ од 55.005 евра.
Од почетокот на годината во Грција се регистрирани вкупно 164 апсења поврзани со предизвикување пожари. Најчестите причини се работа со отворен пламен, употреба на алатки што создаваат искри, земјоделска механизација и палење вегетација спротивно на прописите.
Истражните служби ги расчистуваат пожарите во повеќе региони, меѓу кои Халкидики, Солун, Трикала и Гревена, при што осомничените веднаш биле приведени. Грчката противпожарна служба најавува засилени контроли и строги мерки во услови на висок ризик од шумски пожари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
