Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Голем шумски пожар во западна Атика, ангажирани 140 пожарникари
    Свет

    Голем шумски пожар во западна Атика, ангажирани 140 пожарникари

    05/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Грчките власти распоредија дополнителни противпожарни сили за гаснење на голем шумски пожар што избувна во близина на селото Инои, во општината Мандра-Идилија во западна Атика, додека жителите се повикани на зголемена претпазливост.

    Според грчката противпожарна служба, пожарот избувнал кратко пред 15:30 часот во земјоделско-шумска област Сфака и брзо се проширил кон борова шума во близина на станбени објекти.

    Во гаснењето се ангажирани 140 пожарникари, шест пешадиски тимови, волонтери и 34 противпожарни возила.

    Од воздух интервенираат осум авиони и четири хеликоптери, од кои еден се користи за координација на операцијата.

    Пожарните сили на терен се поддржани и од цистерни и градежна механизација од регионот Атика, а специјализиран тим со беспилотни летала го следи ширењето на огнената стихија.

    Системот за итни известувања 112 испратил порака до жителите во 16:22 часот, со препорака да останат во готовност и да ги следат инструкциите од надлежните служби.

    Поради пожарот, сообраќајот е привремено прекинат на повеќе делници од стариот пат Атина–Теба, вклучително и правците кон Елефсина, Вилија и Теба.

    Центарот за цивилна заштита ја следи состојбата во реално време преку снимки од беспилотни летала со оптички и термовизиски камери.

    На терен е испратен и тим за истрага на можен подметнат пожар, кој ги истражува причините за избувнувањето на огнот.

    Поврзани вести:

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    20/10/2026

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    20/10/2026

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.