Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ВМРО-ДПМНЕ: Позитивна оценка од ЕК за реформскиот напредок на Македонија
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ: Позитивна оценка од ЕК за реформскиот напредок на Македонија

    05/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека позитивната оценка од Европската комисија претставува потврда за реформскиот напредок на Македонија во рамки на Планот за раст на Европската Унија.

    Од партијата наведуваат дека, според нивните информации, Македонија заедно со Албанија и Црна Гора е меѓу земјите кандидати кои бележат најголем напредок во спроведувањето на Реформската агенда и исполнувањето на обврските од Планот за раст.

    „Позитивната оценка е признание за успешно спроведените реформи и дополнителен мотив Владата да продолжи со уште посилна динамика во нивната реализација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според партијата, оценката од Европската комисија ги демантира критиките на СДСМ дека државата не ги исполнува своите обврски кон Европската Унија.

    Во соопштението се наведува дека усвојувањето на Изборниот законик, како дел од Реформската агенда, е обврска што произлегува од процесот на консултации во рамки на работната група при Министерството за правда и е усогласена со препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

    Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека ја поздравуваат определбата на Европската комисија реформскиот напредок да биде клучен критериум за распределба на средствата за земјите кандидати и изразуваат очекување Македонија во текот на јули да ја добие финансиската поддршка.

    Воедно, упатуваат благодарност до Делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Михалис Рокас и неговиот тим за континуираната поддршка во спроведувањето на реформите.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.