Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на годинава или на почетокот на следната да биде поставен камен-темелникот за проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10. Тој изјави дека физибилити-студијата е целосно завршена и во моментов е во фаза на ревизија.
Според Мицкоски, во текот на летото ќе се работи на договорот со заемодавателот и ќе се води компетитивен дијалог со потенцијалните изведувачи. Тој нагласи дека не очекува никакви пречки во реализацијата на проектот поради промените во британската влада. Премиерот истакна дека Велика Британија е сериозна држава во која институционалниот континуитет не зависи од политичките промени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
