При претрес во стан во Скопје, полицијата заплени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин и поголема количина различни видови дрога.
Акцијата ја спроведе Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно приведување на две лица. При претресот биле пронајдени и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола и халуциногени печурки.
Двете лица се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Против нив е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство по итна постапка. Истрагата за случајот продолжува
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
