Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Партиски препукувања околу гласањето на дијаспората и државното финансирањето на партиите
    Политика

    Партиски препукувања околу гласањето на дијаспората и државното финансирањето на партиите

    03/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Опозициската СДСМ смета дека понудените измени во Изборниот законик за електронско гласање на дијаспората се „нов изборен грабеж со злоупотреба на 200.000 гласа” бѝдејќи, потсетуваат, дијаспората и сега гласа, а измените што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ се за 2029 година.
    „Целта на Мицкоски е изборен грабеж и злоупотреба на 200.000 гласа затоа што поддршката од граѓаните му падна и сака изгубените гласови во Македонија да ги надомести преку злоупотреба со „електронско гласање” од надвор“, нагласува СДСМ.

    Левица нагласува дека нивното барање било една изборна единица и укинување на парите за рекламирање, но владејачката партија не ги прифатила.
    „Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за Левица се трагикомични. Тие доаѓаат од партијата која зема најголем дел од колачот и на платеното политично рекламирање, со двоцифрени проценти, и партија со најдебела каса, најимотна, не само во регионот, туку и во Европа”, нагласува Левица во соопштение.

    Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Филипче и Апасиев настапуваат синхронизирано во обидот да го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Со поднесување на десетици илјади амандмани тие го кочат законското решение кое со месеци беше усогласувано со учество на сите политички партии.
    „Очигледно е дека ниската доверба како и падот на рејтингот на СДСМ и Левица ги наведуваат на политички блокади наместо на конструктивна работа. Наместо да помогнат државата да ги исполни реформските цели и да го задржи темпото во користењето на средствата од Планот за раст, тие избираат конфронтација и опструкција“, нагласи портпаролот Валентин Манасиевски.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.