Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се можни поинтензивни врнежи, силен ветер над 60 километри на час и краткотрајно невреме со појава на град.
Дневната температура ќе се движи од 22 до 34 степени, а во Скопје до 30 степени. Во главниот град попладне се очекуваат дожд, грмежи и услови за локално невреме.
Од утре времето ќе се стабилизира и ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и умерен до засилен северен ветер. Максималната температура утре ќе достигне до 34 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
