На социјалните мрежи се појавија снимки од 14-годишно момче кое било избодено седум пати е оставено без свест во тревник во скопската населба Ченто.
МВР го потврди настанот и информираше дека се случил на 22 јуни вечерта кога малолетното момче било физички нападнато од три лица, од кои едното му нанело повреда со остар предмет.
Откако момчето изгубило свест, лицата го оставиле беспомошно на местото, каде е пронајден од случаен минувач и пренесен во болница и опериран. Полицијата работи на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
