Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено по суви коловози, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.
АМСМ апелира возачите да бидат внимателни на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево, каде што постои можност од појава на одрони.
Од утре до 31 август ќе важи летен режим на сообраќај, со забрана за движење на товарни возила над 15 тони во одредени термини за време на викендите и во денови со екстремно високи температури.
Дополнително, на магистралниот пат Скопје–Охрид ќе важат посебни ограничувања за товарни возила над 7,5 тони за време на викендите, со цел да се намалат сообраќајните застои и да се обезбеди побрз проток на возилата кон Охрид. Ограничувањата не важат за возила што превезуваат леснорасиплива стока, хуманитарна помош, животни, нафта и други категории предвидени со правилата.
