Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случила на автопатот, кај клучката за Меѓународниот аеродром Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 05:30 часот, кога патничко возило „нисан“ со српски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ. (34) од Република Србија, удрило во метална ограда и се превртело на коловозот.
Во несреќата повредени се возачот и две сопатнички, кои со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
