Четириесет и осумгодишна жена од селото Таор, Општина Зелениково, е пронајдена мртва на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, откако претходно беше пријавена за исчезната. Основното јавно обвинителство соопшти дека обдукцијата потврдила насилна смрт.
Под сомнение за убиството е приведен нејзиниот поранешен сопруг, кој бил лишен од слобода, а задржани се и тројца негови пријатели. Од МВР информираа дека се уапсени четири лица, меѓу кои и 51-годишниот С.Г., кој претходно ја пријавил жената за исчезната.
Обвинителството и полицијата преземаат интензивни дејствија за целосно расчистување на случајот. Истрагата продолжува, а по нејзиното завршување се очекуваат повеќе информации за околностите под кои е извршено убиството.
