По седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе се знаат персоналните решенија и промената на ресорите во рамки на планираната реконструкција, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Според премиерот, реконструкцијата не се прави само поради резултатите кои се постигнати досега, туку и заради промена на приоритетите и засега не се знае дали реконструкцијата ќе биде во рамки на промена на една третина од составот или повеќе.
Мицкоски не зборуваше за персонални решенија и за ресори и најави дека тие ќе се обзнанат по седницата на Извршниот комитет на партијата. Премиерот очекува реконструираната Влада да го заврши мандатот кој го доби од граѓаните до редовните парламентарни избори во 2028 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
