Најмалку 15 руски региони воведоа ограничувања за продажба на гориво поради недостиг, кој дополнително се влоши по украинските напади со дронови врз нафтени рафинерии.
Минатонеделниот напад врз московската
рафинерија, која обезбедува околу 40 проценти од потребите на главниот
град, привремено ја прекина нејзината работа.
Во повеќе региони е ограничена продажбата на бензин и дизел, а дел од компаниите целосно ја запреа продажбата на одредени видови гориво.
Рускиот вицепремиер Александар Новак оцени дека состојбата е „тешка, но под контрола“, додавајќи дека се разгледува и забрана за извоз на дизел.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
