Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика своите поддржувачи на голем митинг во Белград на 27 јуни, најавувајќи дека учесниците ќе избираат пет приоритетни барања од вкупно 15 понудени теми.
Меѓу темите се зачувување на мирот и стабилноста, Косово, здравството, образованието, пензиите, енергетската безбедност и екологијата. Вучиќ најави и отворање на посебен портал преку кој граѓаните ќе можат да пријавуваат арогантно однесување на државни и локални службеници.
Опозицијата и студентското движење митингот го оценуваат како обид за одговор на масовните антивладини протести што траат од крајот на 2024 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
