Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Само тројца ученици се запишале во битолското земјоделско училиште
    МОН
    Република

    Само тројца ученици се запишале во битолското земјоделско училиште

    23/06/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање, информираше дека во првиот уписен рок биле запишани околу 14.500 ученици, а во текот на денешниот втор уписен рок се очекува дополнително да бидат запишани уште околу 2.000 ученици.

    Нејзините очекувања се по завршувањето на вториот уписен рок речиси целосно да се пополни бројот на ученици предвиден за запишување во средните училишта во државата.

    Осврнувајќи се на состојбата во земјоделското училиште во Битола, министерката рече дека, и покрај реакциите во јавноста, предвидувањата на Министерството се покажале како точни.

    „Во моментов има запишано само три ученици во прва година во земјоделското училиште во Битола. Сметам дека требаше да има поголема ажурност од страна на училиштето во привлекувањето и промоцијата пред деветтоодделенците“, изјави Јаневска.

    Таа нагласи дека согласно законските прописи не може да постои паралелка со само тројца ученици, поради што од следната учебна година земјоделската струка ќе биде префрлена во Регионалниот центар во Битола.

    Според министерката, учениците што годинава се запишале ќе бидат пренасочени во друга струка, додека постојните ученици од втора, трета и четврта година ќе продолжат да ја следат наставата како и досега.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.