Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон повеќе европски членки на НАТО, обвинувајќи ги дека не покажале доволна поддршка кон САД кога тоа било потребно.
Во пресрет на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп изјави дека САД со години трошеле билиони долари за одбраната на Европа, додека дел од сојузниците не возвратиле со иста посветеност.
Тој особено го критикуваше поранешниот британски премиер Кир Стармер, тврдејќи дека Велика Британија не била подготвена навреме да помогне. Како земји кои, според него, биле „многу лоши партнери“, Трамп ги посочи и Германија и Италија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
