Владата гради посилна економија, просечната нето-плата е зголемена за скоро 8.000 денари, одговори ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ.
– Резултатот на конкретната и посветена политика на Владата ги става граѓаните на прво место, се покачија платите на просветните работници, здравствените работници, припадниците на полицијата и одбраната. Бројките го потврдуваат ова. Просечната нето-плата пораснала од 40.496 денари на 48.433 денари за само две години, зголемување од 19,6%, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.
Владејачката партија, стои во соопштението, останува посветена на уште подобри економски резултати во иднина.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
