После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален – народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните, рече Јована Тренчевска – пратеничка и потпретседателка на СДСМ.
Таа тврди дека од социо-економските ветувања за овие две години ВМРО-ДПМНЕ не исполнила ништо.
-Резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА! Нула во подобрувањето на животниот стандард, нула во зголемување на платите, нула во напредокот на државата. Вистината е дека со Мицкоски и ВМРО на власт Македонија единствено забрзува кон пропаст, нагласи Тренчевска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
