Најмалку 54 лица се повредени, а 18 се водат како исчезнати по експлозија и пожар во постројка за преработка на течен природен гас во индустрискиот комплекс Рас Лафан во Катар.
Според компанијата „КатарЕнерџи“, инцидентот се случил за време на стартување на операциите во гасната постројка „Барзан“, по што на терен биле испратени спасувачки екипи кои го ставиле пожарот под контрола.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека станува збор за техничка несреќа и нагласи дека нема истекување што би претставувало опасност за јавната безбедност.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
