Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Македонска докторка и бизнисменка загина во стравична сообраќајка во Полска
    Хроника

    Македонска докторка и бизнисменка загина во стравична сообраќајка во Полска

    20/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Д-р Емилија Котеска Аврамчева почина во раните утрински часови од последиците на тешката сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на автопатот кај влезот во Варшава.

    Од Македонската амбасада во Варшава изразија длабоко сочувство до нејзиното семејство – ќерката Магдалена, синот Константин, мајката и сестрата, оценувајќи дека станува збор за огромна и ненадоместлива загуба.

    Во објавата се истакнува дека д-р Котеска Аврамчева била успешен лекар, менаџер на приватна поликлиника во Жирардов со повеќе од 70 лекари, претприемач и долгогодишен поддржувач на македонската заедница во Полска. Како ќерка на бегалец од Егејска Македонија, активно учествувала во бројни иницијативи поврзани со Македонија и секогаш била подготвена да помогне.

    Само пред десетина дена донирала средства за спомен-обележје во Полице, град кој бил собирен центар за децата бегалци во 1949 година. Амбасадата наведува дека благодарение на нејзините контакти со полските институции одиграла клучна улога во организирањето лекување на двајца пациенти по трагедијата во Кочани.

    Минатата година, по повод националниот празник на Македонија, таа го обезбедила присуството на поранешниот полски премиер Лешек Милер на приемот организиран од Амбасадата.

    „Беше неуморна, енергична и храбра жена, секогаш подготвена да помогне. За македонската заедница во Полска ова е ненадоместлива загуба и заминување на личност која беше симбол на меѓусебното поврзување на Македонците во оваа земја“, се наведува во соопштението.

    Според информациите од полските медиуми, трагедијата се случила кога Котеска Аврамчева го запрела своето возило на лентата за итни случаи на експресниот пат С8 Варшава–Прушков, кај крстосницата Опач-Колонија. По излегувањето од автомобилот, била удрена од автобус.

    Несреќата се случила околу 15:50 часот, по што на местото веднаш интервенирале противпожарни екипи, Итна медицинска помош и хеликоптер на воздушната амбуланта. Лекарските тимови извршиле реанимација и ја транспортирале во болница, но таа им подлегнала на повредите во раните утрински часови.

    Полските надлежни органи спроведуваат истрага за утврдување на сите околности што довеле до трагичниот настан.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.