Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Реконструирана струмичката болница, премиерот Мицкоски најави нови инвестиции во здравството
    Политика

    Реконструирана струмичката болница, премиерот Мицкоски најави нови инвестиции во здравството

    17/06/20264 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на завршувањето на градежните активности за реконструкција на ЈЗУ Општа Болница во Струмица. Тој најави дека објектот, по финалното доопремување, ќе биде целосно пуштен во употреба на почетокот на есента.

    Премиерот потенцираше дека по цели четири децении чекање, овој крупен проект конечно влегува во својата завршна фаза за испорачување на современи медицински услови.

    „Добар ден и од мене почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, колеги, за мене претставува особена чест и задоволство кога ќе можеме да присуствувам на ваков настан, бидејќи почнуваме нешто ново нешто убаво. Кажа и директорот, 40тина години се чекаше да случи ова што денеска се случува, нормално сега треба последната рака на средување да се случи што е мало доопремување коешто очекуваме да заврши до крајот на август и конечно веќе да речеме од почетокот на септември целосно да биде објектот пуштен во употреба.“

    Мицкоски посочи дека здравствениот сектор се наоѓа високо на агендата на Владата и дека тековните инвестиции имаат за цел директно подобрување на животниот стандард на граѓаните.

    „Како влада нашата задача е да ги испорачаме сите оние обврски коишто сме ги зеле пред граѓаните, многу проекти, секојдневно проекти или почнуваме или завршуваме, сакаме да го завршиме сето она коешто е почнато, тоа што го почнавме исто така да го завршиме да поставиме линија за да знаеме потоа во која насока да се движиме и како општини и како држава, она коешто е за нас поважно. Во здравството прилично многу имаме фокус, сите оние реформи коишто ги правиме до сега сите оние инвестиции коишто ги правиме до сега се навистина проекти коишто го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.“

    Во своето излагање, тој ги претстави и следните чекори на извршната власт во однос на другите незавршени здравствени објекти низ државата, вклучително Штип, Кичево, Тетово и Скопје.

    „И во таа насока ќе продолжиме и во периодот којшто следи, завршена е јавната, односно оној процес на барање на меѓународни финансиери за проектите коишто исто така се почнати како што е Клиничката болница во Штип, заедно со студентскиот дом и новата зграда на Медицинскиот факултет. Потоа зградата во Кичево, здравствениот дом заедно со проширената дејност таму и Клиничката болница во Тетово, а веќе во некоја следна фаза размислуваме и го развиваме проектот за голем клинички центар во Скопје на локација за којашто веќе зборувавме.“

    Покрај инвестициите во здравството, премиерот најави и крупни инфраструктурни проекти во патниот сообраќај кои директно ќе го поврзат југоисточниот и источниот дел на Македонија.

    „Ја користам оваа прилика да ве информирам граѓаните во овој дел од Македонија дека ќе биде објавен тендерот за физибилити и проектно решение на изведба на експресен пат којшто ќе ги поврзува општините Радовиш и Струмица во текот на оваа недела значи постојниот ќе биде проширен, а потоа ќе се конечно тој пат поврзе со оној пат којшто треба да ја поврзе Струмица со нашиот источен сосед со што ќе добиеме уште едно поврзување какви дел од коридорот 8 со нашиот источен сосед. После она поврзување коешто го направивме од Страцин до Крива Паланка исто така отпочнуваме со реализиција на проектот Романовце-Страцин, вториот дел е веќе отпочнат односно распишана е јавна набавка за физибилити студија и проектно решение на експресен пат којшто ќе ги поврзе Кочани и Виница со Делчево, и сега останува да се надоврзе и отсечката Радовиш-Струмица и граничен премин кон Бугарија. Така што, сето ова коешто со децении се очекуваше се отпочнува, се раздвижуваат работите, целта ни е да ги реализираме нашите стратешки цели и мислам дека на добар пат сме.“

    На крајот од своето обраќање, Мицкоски упати благодарност до менаџментот на струмичката болница, министерот за здравство, директорот на ФЗОМ, пратениците, градоначалниците и пред сè до медицинскиот персонал за нивната досегашна трпеливост и посветеност.

    „Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на директорот овде, на болницата во Струмица за посветената работа, за сето она коешто го прави изминатиот период, да се заблагодарам на мојот колега од владата министерот за здравство, на директорот на фондот за здравствено осигурување, на пратениците коишто доаѓаат од струмичкиот регион коишто секогаш се борат за проект повеќе да имаме овде изработено, градоначалниците се разбира од струмичкиот регион коишто исто така со својата посветеност посветуваа големо внимание и најголема благодарност до персоналот овде во болницата, до лекарите, медицинскиот персонал коишто и покрај предизвиците на времето успеа да дочекаат еден ваков објект да стане реалност и да можат да го користат. Јас секогаш велам, малку помалку да имаме од вообичаено корисници на овој објект, тоа значит дека сме поздрава нација, но тие коишто ќе го користат овој објект да го користат во современи, европски услови какви што се овие сега тука.“

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.