Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин – нагласи директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов по повод јубилејот – 15 години од постоењето на АХВ, во пресрет на 7 Јуни, Светскиот ден на безбедноста на храната.
Како што истакна Миланов, минатата година АХВ ја заокружи со спроведени над 47.200 надзори, а за утврдените прекршоци изрече 6.770 инспекциски мерки.
Во 2024 и 2025 година при интензивни инспекциските контроли на домашното производство, прометот и увозот на храна, АХВ спречила над 80 тони небезбедна храна од неживотинско потекло, домашна и увозна, како и над 287 тони храна од животинско потекло да не стигне до трпезите на македонските граѓани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
