Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Финансиска полиција со детали: Како била местена набавката во Царина, осомничен и Стефан Богоев
    Република

    Финансиска полиција со детали: Како била местена набавката во Царина, осомничен и Стефан Богоев

    03/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против поранешниот директор на Царинската управа С.Б., поранешен помошник-директор, две лица поврзани со приватна компанија и едно правно лице, поради сомнежи за злоупотреби при спроведување на јавна набавка.

    Според наводите на Финансиската полиција, во периодот од јули 2023 до март 2024 година биле прекршени правилата за јавни набавки при постапката за надворешно одржување на хигиената на граничните премини и терминалите.

    Истражителите се сомневаат дека во тендерската документација биле внесени ограничувачки услови со цел да се фаворизира конкретна компанија, додека истовремено бил вршен притисок врз други фирми да не учествуваат во постапката. На тој начин, според пријавата, биле создадени услови избраната компанија да добие противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари.

    Финансиската полиција наведува дека поранешниот директор на Царинската управа влијаел врз креирањето на тендерските услови, додека поранешниот помошник-директор наводно влијаел врз потенцијални конкуренти да се повлечат од постапката.

    Во случајот се опфатени и две лица од приватниот сектор за кои постои сомнение дека користеле влијание, посредувале и нуделе корист за да обезбедат поволен исход на тендерот.

    Дополнително, според пријавата, во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, поранешниот директор на Царинската управа наводно побарал и примил подароци и други форми на корист, дел директно, а дел преку посредници.

    Против осомничените се поднесени пријави за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на постапка за јавна набавка, примање поткуп, давање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.

    Случајот е предаден на понатамошно постапување во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.