Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Ревизија во ИЈЗ откри хаос во трошењето и евиденцијата
    Република

    Ревизија во ИЈЗ откри хаос во трошењето и евиденцијата

    03/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Актуелното раководство на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) открило серија сериозни неправилности во работењето на институцијата, по спроведена внатрешна анализа и ревизија. Според наодите, се утврдени случаи на недокументирани набавки, спорни финансиски трансакции и недоволна евиденција за дел од опремата и средствата.

    Меѓу најспорните случаи е набавка на мрежен кабел во вредност од околу 15.000 евра, за кој, како што се наведува, не постои информација каде завршил. Дополнително, утврдени се набавки на компјутери, лаптопи и мобилни телефони за кои постојат само барања за набавка, но не и евиденција за нивна распределба или корисници.

    Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, изјави дека ревизијата покажала и неправилности во дел од склучените договори за телекомуникациски услуги, кои биле реализирани во двојно поголем износ од првично предвидениот. Според неа, утврдени се и исплати на додатоци на плата, награди и приправности кои не биле во согласност со процедурите.

    Особено внимание предизвикал и трошокот од околу 50.000 евра за одбележување на 100-годишнината од постоењето на ИЈЗ, настан кој, според информациите, траел само еден час. Воедно, биле констатирани и набавки спроведени без јавна постапка, и тоа во износи кои ја надминуваат законски дозволената рамка.

    Андоновска истакна дека речиси не е пронајдена област во која, според неа, институцијата работела целосно согласно законските прописи. Таа додаде дека Институтот бил наследен со празна сметка и долгови од над 50 милиони денари, но дека денес состојбата е значително подобрена, со вратени долгови и околу 150 милиони денари на сметката.

    Сите утврдени неправилности, како што нагласи, се пријавени до надлежните институции, а по барање на раководството била извршена и ревизија од Државниот завод за ревизија. Дел од документацијата е доставена и до Единицата за корупција при Министерството за внатрешни работи.

    Државниот завод за ревизија дал негативно мислење за финансиските извештаи и работењето на ИЈЗ за 2024 година, посочувајќи сериозни слабости во финансиското управување, евиденцијата и реализацијата на програмите од областа на јавното здравје.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.