Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Срушена куќа со спомен-плоча на херој, поднесени пријави против две лица
    Хроника

    Срушена куќа со спомен-плоча на херој, поднесени пријави против две лица

    02/06/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    СВР Куманово поднесе кривични пријави против Ф.Ф. (52) и Л.Т. (52), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторување повеќе кривични дела поврзани со уништување на културно наследство, бесправно градење, узурпација на недвижности и несовесно работење во службата.

    Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот во 2023 година срушил и уништил куќа која претставувала заштитен објект на културното наследство, на која била поставена спомен-плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак.

    Објектот бил евидентиран како заштитено културно наследство согласно законските прописи и бил дел од програмата за одбележување значајни личности и настани во Општина Куманово.

    По уривањето, пријавениот како инвеститор изградил објект од втора категорија без претходно одобрение за градење од надлежниот општински сектор за урбанизам, со што, како што се наведува, постапил спротивно на Законот за градење. Објектот бил изграден и на државно земјиште.

    Втората пријавена, која работела како овластен градежен инспектор, е осомничена дека несовесно ги извршувала службените должности. Таа донела решение врз основа на нецелосно и неточно утврдена фактичка состојба, иако била должна тоа да го направи согласно законските прописи за инспекциски надзор.

    По целосно документирање на случајот, против двете лица се поднесени кривични пријави до надлежното обвинителство.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.