Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Јавното обвинителство со нова стратегија за поголема транспарентност
    Република

    Јавното обвинителство со нова стратегија за поголема транспарентност

    02/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Јавното обвинителство на Република Македонија ја претстави новата Комуникациска стратегија за периодот 2026–2028 година, заедно со акциски план за нејзина реализација, со цел поголема транспарентност и подобра комуникација со граѓаните.

    Државниот јавен обвинител Ненад Савески истакна дека клучниот збор што ја опишува новата стратегија е „проактивност“. Наместо институцијата да реагира само на поставени прашања, јавноста навремено ќе биде информирана за постапките и одлуките на обвинителствата, во рамки на законските можности.

    „Сите обвинители не само што ќе го уживаат правото на слобода на изразување, туку ќе имаат и обврска да ја информираат јавноста за предметите по кои постапуваат, секако во границите што ги дозволува законот“, нагласи Савески.

    Тој најави измени во упатството за односи со јавноста, како и унапредување на системите за интерна и кризна комуникација и подобра координација со другите институции.

    Според Савески, стратегијата треба да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во Обвинителството, преку навремени, проверени и прецизни информации.

    „Предметите по кои постапува Јавното обвинителство често се во фокусот на јавноста. Затоа е неопходна добра подготовка и внимателно балансирање меѓу интересот на јавноста и законските ограничувања поврзани со истрагите“, рече тој.

    Притоа нагласи дека целта е да се спречат шпекулации и сензационализам, а во јавноста да се пласираат факти произлезени од обвинителските постапки, со почитување на правата на жртвите, осомничените и обвинетите.

    Савески потсети дека Јавното обвинителство е комплексен систем составен од 23 основни јавни обвинителства, четири виши обвинителства и Републичко јавно обвинителство, во кои работат околу 190 јавни обвинители.

    Тој предупреди и на потребата од поголема финансиска поддршка за институцијата.

    „Сиромашно Јавно обвинителство не може да се спротивстави на богатиот криминалитет“, порача Савески, додавајќи дека извршната и законодавната власт мора да обезбедат услови за ефикасно функционирање на обвинителскиот систем.

    На презентацијата се обрати и заменик-генералниот обвинител на Португалија, Пауло Жорже Виеира Моргадо де Карвајо, кој нагласи дека стратешката комуникација не претставува само односи со јавноста, туку е важен дел од владеењето на правото.

    „Кога институциите молчат, празнината лесно ја пополнуваат дезинформациите. Затоа комуникацијата мора да биде транспарентна, стратешка и законска“, истакна Карвајо.

    Професорката Јасна Бачовска-Недиќ оцени дека стратешката комуникација на Јавното обвинителство е демократска потреба и обврска кон граѓаните.

    Според неа, Обвинителството мора да биде поприсутно во медиумите на конструктивен начин и да придонесува за подигнување на правната култура во општеството.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.