Државниот завод за ревизија (ДЗР)
констатирал повеќе слабости во
работењето на Институтот за Јавно
здравје за 2024 година, меѓу кои
нецелосна евиденција за приемот и
потрошувачката на медицински
материјали, како и неевидентирање на
приемот и потрошувачката на вакцини во
деловните книги и изрази неповолно
мислење за финансиските извештаи.
Ревизорите утврдиле дека пописот на
побарувањата не е извршен во целост, а
за побарувањата во вредност од над 18
милиони денари, постари од три години,
не биле преземени активности за
наплата.
Ревизијата утврдила и слабости во дел
од постапките за јавни набавки,
неправилности поврзани со ангажирани
лица по договор на дело, недоследности
при издавање деловен простор под закуп,
како и случаи на несоодветни исплати на
плати и надоместоци, а дел од
медицинската опрема не е ставена во
употреба.
