Во втората половина на јуни премиерот
Христијан Мицкоски ќе разговара со
владините партнери за натамошните
чекори во однос на работата на Владата,
по вчерашната оставка на вицепремиерот
за добро владеење Арбен Фетаи и
најавената реконструкцијата на
Владата.
Во врска со тоа какви други промени ќе
има, Мицкоски рече дека тоа е динамичен
процес и дека во моментот се посветени
на внатрепартиските реорганизации и
преструктуирања.
Вчера вицепремиерот Арбен Фетаи во
објава на Фејсбук нагласи дека од
функцијата заминува со крената глава и
чиста совест и дека работел посветено
на поставување цврсти темели на кои
може да се гради понатаму.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
