Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Полицаец од Ќафасан кривично пријавен за примање поткуп
    Хроника

    Полицаец од Ќафасан кривично пријавен за примање поткуп

    01/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Полициски службеник од Граничниот премин Ќафасан е кривично пријавен под сомнение дека побарал поткуп за да овозможи нелегален премин на лице и возило преку државната граница.

    Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава против Д.С. до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

    Според информациите од МВР, пријавениот, кој работел како полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, преку социјална мрежа воспоставил комуникација со едно лице и побарал парични средства за себе за да изврши службено дејствие кое не смеел да го изврши.

    Како што наведуваат од полицијата, бил постигнат договор на 5 април 2026 година, додека полицискиот службеник бил на работна задача на граничниот премин, да овозможи излез од државата на лице кое управувало патничко возило што не било во негова сопственост и за кое не поседувало соодветно полномошно.

    Дополнително, според МВР, возилото било евидентирано како украдено во системот за контрола на патници и возила, односно се наоѓало на таканаречената „стоп-листа“.

    Одделот за внатрешна контрола најави и поведување дисциплинска постапка против полицискиот службеник, како и изрекување задолжителна мерка за негово отстранување од работното место до завршување на постапката.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.