Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Историски успех: Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп
    Спорт

    Историски успех: Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп

    31/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ракометарите и навивачите на Охрид имаат причина за историско славје, откако клубот го освои својот прв трофеј, и тоа на европската сцена.

    ГРК Охрид по вторпат беше подобар од унгарската Татабања во финалето на ЕХФ Европскиот куп, потврдувајќи ја победата и на домашен терен. По триумфот од 29-28 на првиот натпревар во Унгарија, охриѓани вечерва пред преполната сала „Биљанини Извори“ славеа со 31-25 и го подигнаа пехарот.

    Првото полувреме мина во израмнета игра и одлични интервенции на голманите. Охридскиот голман Иванковиќ забележа 10 одбрани, додека на спротивната страна Андо имаше една повеќе, 11 интервенции.

    Охриѓани во 18. минута стигнаа до највисоки +3 (8-2), но во 20. минута следеше тежок момент за домашните, кога Иванковиќ доби црвен картон. Татабања го искористи тоа и стигна до израмнување (8-8), па дури и до водство (8-9). Сепак, избраниците на Ројевиќ брзо се стабилизираа и на полувреме заминаа со минимална предност од 12-11.

    Во второто полувреме Охрид започна силно и со серија од три гола дојде до +4 (15-11), што го натера тренерот на гостите да побара тајм-аут. Но тоа не го промени текот на мечот, бидејќи Охрид продолжи да доминира и во 35. минута стигна до +5 (17-12), по што беше јасно дека патот кон трофејот е отворен. До крајот домаќините рутински ја одржаа предноста и славеа со 31-25.

    До историскиот успех Охрид го предводеа Јапонецот Јасухира со 9 погодоци и Словенецот Стрмљан со 6 гола.

    Со овој триумф, Македонија стана една од ретките земји која двапати по ред има освојувач на ЕХФ Европскиот куп, откако минатата сезона до трофејот стигна Алкалоид.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.