Дронот што за време на напад врз соседна Украина падна врз станбена зграда во Романија бил од руско потекло, соопшти портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел.
Од Алијансата најавија дека ќе се разгледаат дополнителни мерки за зајакнување на одбраната на Романија и подобра заштита од закани од беспилотни летала.
Во меѓувреме, американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, го осуди инцидентот, оценувајќи го како „неодговорен упад“, и порача дека Соединетите Американски Држави ќе ја бранат „секоја педа од територијата на НАТО“.
Инцидентот дополнително ги зголеми тензиите во регионот и отвори прашања за безбедноста на земјите членки на Алијансата кои граничат со зоните на конфликт.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
