Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Трифун Костовски се враќа во политика и најавува нова партија
    Политика

    Трифун Костовски се враќа во политика и најавува нова партија

    29/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Поранешниот градоначалник на Скопје и екс-пратеник Трифун Костовски најави враќање на политичката сцена, упатувајќи јавен повик до граѓаните да му се приклучат во, како што вели, нова визија за иднината на државата.

    Во објава на социјалните мрежи, Костовски соопшти дека новата политичка партија ќе биде отворена за сите полнолетни граѓани, без ограничување на возраста, нагласувајќи дека целта е обединување на луѓе со различни искуства и ставови.

    „Партијата ќе биде составена од членови на возраст од полнолетство со неограничен век на старост. Ги повикувам сите искусни и неискусни мои сограѓани кои имаат желба Македонија да опстои како држава во која ќе создадеме иднина за нашите поколенија, да размислат и да се приклучат кон ваквата моја визија“, напиша Костовски.

    Тој потенцира дека неговата намера не е освојување власт за лични интереси, туку, како што наведува, „освестување на државно ниво“ и ставање на државните интереси пред партиските.

    „Не барам власт за себе, туку можност за освестување на државно ниво, Македонија да биде пред секоја партија“, истакнува Костовски, додавајќи дека иницијативата не треба да се гледа како поделба, туку како обид за обединување на граѓаните кои ја сакаат државата.

    Во својата објава, тој посочува и дека правото и правдата мора повторно да бидат темел на функционирањето на државата.

    „При мртва правда, надежта умира“, наведува Костовски, најавувајќи дека во колумната со наслов „Македонија на крстопат – време е да ја вратиме државата“ подетално ќе ги образложи причините за неговото враќање во политиката и визијата што ја предлага.

    Трифун Костовски во минатото беше пратеник од редовите на Социјалдемократски сојуз на Македонија, а потоа и градоначалник на Скопје во периодот од 2005 до 2009 година.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.