На регионалниот пат Куманово – Скопје синоќа се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ и електричен тротинет, во која животот го загубило 13-годишно дете.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28.05.2026 година околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавена несреќата што се случила во селото Черкези, кумановско. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) од Куманово, и електричен тротинет управуван од малолетно лице од 13 години од селото Черкези.
По несреќата, малолетникот бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде што лекарите ја констатирале смртта.
Од полицијата додаваат дека во 21:20 часот возачот на автомобилот бил лишен од слобода.
