Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»За две години 9.401 повеќе болнички случаи во Македонија
    Република

    За две години 9.401 повеќе болнички случаи во Македонија

    28/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Македонија за две години се регистрирани 9.401 повеќе болнички случаи, покажуваат најновите податоци од анализата на Фондот за здравствено осигурување за болничко лекување во периодот од 2023 до 2025 година. Според извештајот, бројот на пациенти кои биле лекувани во болници пораснал од 184.829 во 2023 година на 194.230 случаи во 2025 година, што претставува зголемување од 5,1 проценти.

    Паралелно со растот на бројот на хоспитализации, зголемен е и буџетот за болничко лекување. Од Фондот наведуваат дека средствата за оваа намена достигнале 32,5 милијарди денари, што е раст од околу 24 проценти во споредба со претходниот период.

    Најголемо зголемување е регистрирано кај болестите на очите и кај заболувањата на мускулно-скелетниот систем. Од ФЗО објаснуваат дека тоа главно се должи на намалувањето на листите на чекање за операции на катаракта, но и на зголемениот број ортопедски интервенции, особено операции на колкови и други планирани зафати кои биле одложувани за време на ковид-пандемијата.

    Од друга страна, статистиката покажува пад кај хоспитализациите поврзани со кардиоваскуларни и циркулаторни заболувања. Бројот на случаи се намалил од 26.651 на 25.876 пациенти. Директорот на Фондот, Сашо Клековски, посочи дека дополнително ќе се анализира дали станува збор за реален тренд на намалување или за други фактори кои влијаеле врз бројките.

    Пад е регистриран и кај хоспитализациите поврзани со бременост и породување, за околу 7,5 проценти. Од Фондот ова го поврзуваат со негативните демографски движења и намалениот број новородени во земјата.

    Просечното болничко лекување во 2025 година траело нешто помалку од пет дена, додека просечната сложеност на интервенциите изнесувала 1,55. Во извештајот се наведува дека девет од дванаесетте општи болници бележат напредок, а Градската општа болница „8 Септември“ се издвојува со висок индекс на сложеност на интервенциите, близок до оној на клинички центар.

    Податоците, според Фондот, покажуваат дека здравствениот систем лекува сè поголем број пациенти и изведува посложени медицински интеренции, но истовремено бројките ја отвораат и пошироката слика за демографските промени во државата.

    Поврзани вести:

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    21/10/2026

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    21/10/2026

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.