САД распоредиле борбени авиони Ф-22 и десетици авиони за дополнување гориво на повеќе локации во Израел, во потег што израелските медиуми го оценуваат како невиден досега. Според израелската телевизија КАН, американските сили ќе останат на Блискиот Исток најмалку до крајот на годината, и покрај прекинот на огнот со Иран кој стапи на сила минатиот месец.
Сателитските снимки покажуваат дека Ф-22 се стационирани во базата Овда на југот на Израел, додека авиони-танкери се распоредени на аеродромите „Бен Гурион“ и „Рамон“.
Огромното американско воено присуство веќе создава проблеми во цивилниот авио-сообраќај, а израелските власти предупредуваат дека аеродромот „Бен Гурион“ функционира речиси како воена база.
Постојат стравувања дека ваквата состојба може сериозно да ја наруши летната туристичка сезона и да ги одврати странските авиокомпании од воведување нови летови кон Израел.
