Откако пропадна последната постапка за набавка на 150 електрични автобуси, Град Скопје соопшти дека во рок од една недела ќе се распише тендер за набавка на нови автобуси за јавниот превоз.
Се очекува првите нови автобуси да пристигнат за неколку месеци, но јавниот превоз и натаму во главниот град останува во неизвесност и зависен од роковите и тендерите.
Во февруари годинава Министерството за транспорт и врски распиша тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи, од кои 100 беа за Скопје, но го поништи бидејќи компаниите што се пријавиле не ги исполнувале условите од тендерот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
