Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Воз усмрти 89 овци во Португалија, државата бара обештетување од овчарите
    Свет

    Воз усмрти 89 овци во Португалија, државата бара обештетување од овчарите

    26/05/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Португалија, државната агенција за железници и патишта побара од двајца овчари да платат околу 25.000 евра отштета, откако регионален воз минатата година усмрти 89 овци, пренесува ДПА.

    Како што се наведува, државниот оператор на железничката и патната мрежа го оправдува барањето за вкупно 26.400 евра со штетата што била предизвикана на возот, како и со значителни доцнења во железничкиот сообраќај.

    Несреќата се случила на 28 декември минатата година во округот Монтемор-о-Велјо, околу 200 километри северно од Лисабон.

    Овчарите поднеле жалба на побарувањето, а нивниот адвокат Витор Гаспар изјавил дека станува збор за несреќа без намера и дека ваквите случаи претставуваат дел од општиот ризик на железничкиот сообраќај.

    Според изјавата на машиновозачот, тој во зори одеднаш забележал стадо овци на шините додека излегувал од кривина, по што веднаш активирал итно сопирање, но не успеал да избегне судир. Возот застанал околу 540 метри по ударот.

    Од вкупно 89 овци, 65 му припаѓале на еден овчар, а 24 на друг.

    Поради несреќата биле откажани шест возови, а уште два делумно откажани. Дополнително, регистрирани биле доцнења на 36 линии, во вкупно траење од 580 минути.

    Поврзани вести:

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    воз овци пари Португалија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    20/10/2026

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    20/10/2026

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.