Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»По 27 години чекање: Њујорк Никс се пласираа во НБА финалето
    Спорт

    По 27 години чекање: Њујорк Никс се пласираа во НБА финалето

    26/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Њујорк Никс избори пласман во големото НБА финале за првпат по 1999 година, откако убедливо го совладаа Кливленд Кавалирс со 130:93 во четвртиот натпревар од финалето на Источната конференција и ја добија серијата со максимални 4-0.

    Тимот од Њујорк доминираше во текот на целиот меч, а придонес во победата дадоа речиси сите кошаркари кои добија минутажа. Најефикасен беше Џејлен Брансон со 15 поени, додека Карл-Ентони Таунс натпреварот го заврши со 19 поени и 14 скока. Двоцифрен учинок имаа и ОГ Ануноби со 17 поени, Ландри Шамет со 16, Микал Бриџис со 15 и Мајлс Мекбрајд со 11 поени. Џош Харт додаде шест поени и 11 скока.

    Патот на Никс до титулата во Источната конференција не започна идеално. Во првото коло од плејофот тие губеа со 2-1 во серијата против Атланта Хокс, но потоа целосно го променија текот на сезоната и врзаа дури 11 последователни победи.

    По елиминацијата на Атланта, тимот од Њујорк беше подобар и од Филаделфија 76ерс, а потоа без поголеми проблеми го совлада и Кливленд за место во големото финале.

    Последен пат Никс настапија во НБА финалето во 1999 година, кога беа поразени од Сан Антонио Спарс со 4-1 во серијата. Таа сезона остана запаметена и по тоа што тимот од Њујорк стана првиот осми носител кој стигнал до финале во историјата на НБА.

    Во финалето Никс ќе играат против победникот од Западната конференција, каде за шампионската титула се борат Сан Антонио Спарс и Оклахома Сити Тандер.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.