Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»И две деца повредени при излетувањето на трамвај во Белград
    Свет

    И две деца повредени при излетувањето на трамвај во Белград

    25/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Дванаесет возрасни лица и две деца се повредени откако трамвај излета од шините на улица во Белград, објавуваат српските медиуми. Единаесет од повредените се пренесени во Ургентниот центар, едно лице во Клиничката болница Звездара, додека две деца се пренесени во болницата Тиршова, според Одделот за итни случаи. Според досегашните информации, тројца од повредените се здобиле со сериозни повреди, вклучувајќи контузии и скршеници.

    Како што веќе објавивме, инцидентот се случи утрово околу 9:30 часот, кога трамвај излета од шините и удри во зграда.
    „Се слушна силен тресок. Кога излеговме надвор да видиме што се случува, го видовме трамвајот како се удира во зградата. Требаше да продолжи право, по улицата. Слушнавме извици, женски глас, луѓето беа во шок. Полицијата и брзата помош пристигнаа многу брзо, го обезбедија местото и почнаа да ги носат повредените“, сведочат очевидци.

    Тој додаде дека трамваите на тој дел од трасата често патуваат со малку поголема брзина бидејќи најчесто продолжуваат право низ раскрсницата.
    „Веројатно не очекувал да сврти. По ударот, настанала паника. Патниците удирале по вратите и прозорците за да излезат, некои скокале од трамвајот. Вратите не можеле да се отворат“, вели соговорник од местото на несреќата.

    „Трамвајот излетал од шините и поминал преку калдрмата. Екипи на брза помош и полиција пристигнале на местото на несреќата за неколку минути. Болничарите ги ваделе луѓето од трамвајот на носилки. Трамвајот го управувала жена. Сите мислевме дека таа е најтешко повредена кога трамвајот удри во зградата, но за среќа не беше така и на крајот сама излезе од кабината“, изјавил очевидец на несреќата.

    Поврзани вести:

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    20/10/2026

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    20/10/2026

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.