Левица открива реагира на прифаќањето на иницијативи за поставувње фотоволтаични центри во Куманово и открива дека од вкупно 48 прифатени иницијативи, дури 16 се поврзани со фирмата „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски – кум на Максим Димитриевски.
„Во целата шема се појавува и Александар Крстевски – поранешен раководител на Агенцијата за култура, а денес директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“. Наместо институциите да работат во интерес на граѓаните, гледаме како функционери и луѓе блиски до Максим Димитриевски се вртат околу профитабилни бизнис-комбинации поврзани со енергетскиот сектор“, потенцираат од оваа партија“, соопштуваат од Левица и додаваат: „Кумот на Максим Димитриевски се појавува и во скандалот со Лидл, каде земјиштето предвидено за изградба на маркетот се нашло, според соопштеното, во сопственост токму на кумот Драган Митевски, уште пред јавноста да дознае дека германскиот трговски ланец ќе инвестира во Куманово“.
Очигледно, велат од Левица, во Куманово најбрзо се развиваат бизнисите на кумовите на Максим Димитриевски.
„Кога една третина од енергетските иницијативи завршуваат кај фирма на кумот на градоначалникот – тоа не е „успешен бизнис“. Тоа е доказ дека ЗНАМ и Максим Димитриевски го претвораат Куманово во приватен бизнис-проект за блиски луѓе“, обвинуваат од Левица.
