Во изминатите 24 часа, полициските службеници на територијата на целата држава привеле 18 лица поради безобѕирно управување со моторно возило.
Од нив, 12 возачи биле затекнати зад волан без возачка дозвола, меѓу кои и пет малолетници, четворица управувале под дејство на алкохол, а двајца истовремено возеле без дозвола и под дејство на алкохол.
На подрачјето на Скопје се санкционирани две малолетни лица кои управувале возило без дозвола. Во Кичево се приведени шест лица, меѓу кои три малолетници, додека во Велес се затекнати по двајца возачи. По едно лице без возачка дозвола е евидентирано во Струга и Прилеп.
Во Делчево, Свети Николе, Велес и Прилеп се приведени возачи кои управувале под дејство на алкохол, додека во Радовиш и Гостивар се откриени лица кои возеле и без дозвола и под алкохол.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните прописи и да не управуваат возило без дозвола или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
