„Стигна потврда за она што веќе со недели го говориме, а тоа е соработката на Венко Филипче и СДСМ со бугарските власти, со единствена цел – внесување на Бугарите во Уставот, што ќе биде првото од многуте барања кои потоа ќе ги има Бугарија, а се однесуваат на идентитетот, јазикот, културата и историјата“, изјави денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„На фотографијата зад мене, го гледаме Рубин Земон, членот на ИО на Филипче, кој вчеравечер и си поднесе оставка од истата функција, кој јасно на бугарски поткаст велеше дека Гоце Делчев е мит и дека не направил ништо за Македонија. Рубин Земон на фотографијата е на средба со Виктор Стојанов од Фондацијата Македонија. Станува збор за оспорена невладина организација којашто функционира во Македонија. Фондацијата има за цел ширење на бугарска пропаганда во Македонија, а е позната по ксенофобски испади, и гледишта дека македонскиот народ и македонската историја се под бугарска историографија. Или во кратки црти, оваа фондација и нејзиниот претседател велат дека Македонија и Бугарија се еден народ во две држави, како што и велеше врховниот лидер на СДС, Зоран Заев“, додаде Манасиевски.
Оваа коалиција на Венко Филипче и Рубин Земон, според ВМРО-ДПМНЕ, односно на СДСМ со бугарски организации е подготвена да го негира македонскиот идентитет, да го оспори нашиот македонски јазик, да ја избрише македонската историја и да ја уништи македонската култура.
